Широк спектар, внимание на деталите

Повеќе од доволно избори на
  • Просторна решетка
  • Реконструкција и Рехабилитација
  • Сообраќајна сигнализација
  • Еластична одбојна ограда
  • Изведба на конструкции
  • Санација
  • Геодетски услуги
  • Проектирање
  • Консалтинг
Proektiranje i izvedba na Srednja Medicinska Skola Tetovo 1

Производство и примена на модуларна просторна рамка

Заштитен знак на Кединг – Целосно патентирано производство и примена на челична просторна решетка како:

  • главен носечки, статички систем што овозможува вклопување на теоријата на архитекурата, достигнувајќи елегантна едноставност на архитектонската убавина, се појавува како единствено архитектонско и инженерско решение за голем број значајни конструкции како што се: наплатни рампи, бензински пумпи, аудиториуми, изложбени сали и многу комерцијални и индустриски објекти, честопати надминувајќи ги очекувањата на клиентите
  • тешка носечка скела при реконструкција и изведба на конструкции
  • Нестандардни сообраќајни знаци
  • Патни сообраќајни портали

Со модуларната просторна решетка UNISTRUT почнувајќи од дизајн на проектот, производство до монтажата Кединг нуди уникатни решенија за многу нетипични идеи и потреби.

Нагласувајќи ја естетиката, оперативната безбедност и уникатните конструктивни решенија, челичната просторна решетка го поставува КЕДИНГ како компетентен лидер во областа на градежништвото, справувајќи се со најголемите предизвици. Кединг успева да го примени овој вид на конструкција во сите свои сектори – составен елемент во секој процес на изведба на конструкции/објекти, реконструкција, рехабилитација дури и во секторот за сигнализација.

rekonstrukcija na most-reconstruction

Реконструкција и рехабилитација на структурата

Структурна реконструкција на разни видови објекти засновани врз долгогодишно искуство и тајните на старите добри мајстори. Ние сме специјализирани за безбеден пристап во најтешките и најнепристапните локации за да обезбедиме ефективни, критични поправки со употреба на иновативни методи.

Од самиот почеток, специјализиравме во областа на реконструкција и рехабилитација на објектите. Најсложените објекти, предмет на реконструкција, се нашата страст. Имаме високо обучен персонал (од инженери до мајстори) докажано со бројот на завршени проекти, кои можат да одговорат дури и за најсериозната реконструкција на објектите.

CPRE Keding нуди широк спектар на услуги за реконструкција и рехабилитација

  • Рехабилитација и санација на бетонски површини
  • Структурно зајакнување на мостови, пропусти, вијадукти
  • Трансформација на носечкиот статички систем на конструкциите

Соораќајна сигнализација

Нудиме широк распон на услуги во областа на патната сигнализација вклучувајќи: поставување на сообраќајни знаци, итни поправки и интервенции на поставени сообраќајни времени решими, интелигентни сообраќајни системи и тн.Ние сме посветени да ви обезбедиме најбрза и најквалитетна услуга, а сепак да остане ефективна.

Повеќе од 20 години, нашата цел беше да го преземеме водството во одржливоста, квалитетот и безбедноста, во областа на сообраќајната сигнализација. Нашата експертиза и ресурси ни овозможува да обезбедиме иновативни решенија користејќи уникатен вид конструкции.

Со цел да обезбедиме највисок квалитет на услугата, ние нудиме широк спектар на услуги, вклучувајќи:

  • Набавка и инсталација на вертикална стандардни сообраќајни знаци
  • Апликација/изработка на хоризонтална сообраќајна сигнализација
  • Инсталација и одржување на времени сообраќајни режими, вклучително и поставување на светлечка патна сигнализација/семафори
  • Инсталација на нестандардни сообраќајни знаци – специјално дизајнирана уникатна челична просторна решетка за изградба на нестандардни сообраќајни знаци и портали за патен сообраќај, постигнувајќи дури и поголеми распони од очекуваните.
  • Набавка и инсталација на системи на еластична заштитна ограда .

Користејќи ја челичната рамка UNISTRUT, CPRE Keding се појавува со најиновативни идеи за инсталација на ненстандарни сообраќајни знаци и портали.

Одржувајќи ги нашите деловни партнерства и проширувајќи ги нашите ресурси и опрема, потврдени сме како лидер на пазарот за инсталирање на системи за патна заштитна ограда.

Патна еластична ограда

Од самиот почеток и основањето, ДПСИ Кединг Дооел Скопје се појавува како сигурен и стабилен партнер во областа на набавка и инсталација на еластична одбојна ограда, нудејќи ги сите применливи системи во согласност со важечките норми и прописи.

Изведба на конструкции

Изведба на широк спектар на конструкции, вклучувајќи челични комерцијални и индустриски објекти до пропусти, мостови и вијадукти.

Санација на асфалтни и бетонски пукнатини

Ефективни методи за поправка на пукнатини, вклучително обработка и залевање на асфалтни пукнатини, инјектирање под притисок на конструктивни бетонски пукнатини со употреба на лиценцирани материјали.

Геодетски услуги

– Инженерска геодезија

Низ годините на активна работа во секторот на градежништвото, ДПСИ Кединг ДООЕЛ Скопје го развива секторот на геодезијата со цел да стане компетентент и стабилен партнер во сите фази на изведба и санација на конструкции. Сега Кединг има геодетски тим спремен да ги следи дури и на најсложените проблеми во секторот на Инженерска геодезија, почнувајќи од најрана фаза – ископи , до завршна фаза – проект на изведена состојба.

mermeren kombinat - proektiranje-prostorna-resetka-3

Проектирање

Проектирање на сите фази на градежните проекти, подготовка на комплетна техничка и проектна документација во согласност со важечката законска легислатива и стандарди.

Консалтинг

Иновативни идеи и конструктивен пристап во решавање дури и на најсложените проблеми од областа на градежништвото.